Поврзете се со нас

Свет

Меси од свој агол: Реал е најдобриот клуб на светот, но…

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Ѕвездата на Интер Мајами и воедно лидер на аргентинската репрезентација, Лионел Меси го издвои Реал Мадрид како најдобар клуб на светот.

Аргентивецот верува дека успесите во Лигата на шампионите го прават Реал на биде број еден според резултатите, но за него лично, играчки друг тим е на врвот-тоа е Манчестер Сити на Пеп Гвардиола.

-Ако зборувате во однос на резултатите, тоа е Реал Мадрид, сегашниот шампион во Лигата на шампионите.

-Ако зборувате во однос на играта, мене лично ми се допаѓа Сити на Гвардиола. Мислам дека секој тим каде што е Гвардиола ќе биде посебен поради начинот на кој е, начинот на кој тренира, начинот на кој работи и како ги тера своите тимови да играат. На ниво на игра за мене Сити е најдобар, а резултатски Реал, -истакнал Лео за „Инфобае“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни