Меси објасни зошто „Златната топка“ веќе не му е приоритет

leo-messi

Лионел Меси вели дека индивидуалните награди веќе не му се важни и повеќе би сакал да освојува медали со Барселона или Аргентина.

Меси во 2015 година стана првиот играч во историјата со пет „златни топки“, но сега вели дека престижната награда веќе не му е приотитет.

– Вистината е дека повеќе ме интересираат тимски титули. Убаво е чувството да освоиш сè што освоив јас, но, пред сè, првите неколку пати. Со текот на времето им придавам помалку значење на индивидуалните награди. Би сакал да продолжам да освојувам титули со соиграчите како Лигата на шампиони и Ла Лига и да освојувам титули со националниот тим, бидејќи бевме толку блиску – изјави Меси во денешното интервју за „Тик Спорт“.

Facebook Коментари