Меси објасни зошто не се пријатели со Роналдо

mesi-ronaldo

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се две големи ѕвезди во фудбалот, асови кои во изминатава деценија освоија се што можеа и на тој начин си обезбедија место во историјата меѓу најголеми играчи во овој спорт.

Тие често имаат битки на теренот со оглед на тоа што играат за двата најголеми шпански великани Барселона и Реал Мадрид, меѓусебно се почитуваат, но Меси не верува оти може да биде добар пријател со Португалецот кој пак претходно посочи дека тоа може да се случи во иднина.

-Не знам дали ќе бидиме пријатели во иднина. Пријателството се гради врз оснава на минување на време заедно и запознавајќи се добро меѓусебно. Ние немаме однос главно бидејќи се гледаме само на церемониите на доделување на награди и само тогаш разговараме. Се е во ред, ама нашите патишта често не се вкрстуваат, -вели Меси, а пренесува „Мирор“.

Facebook Коментари