Поврзете се со нас

Франција

Меси објасни зошто Мбапе е ѕвер: Тој е различен играч, во наредните години…

Објавено

на

Лионел Меси веќе втора година е соиграч со Килијан Мбапе еден од играчите кој нова сила во светот на фудбалот, предводник на новата генерација заедно со Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

Французинот има фантастични 181 погодок на 226 натпревари за Пари Сен Жермен што јасно покажува за каков ас се работи. Меси одблиску постојано се уверува во неговите квалитети, па зборувајќи за него и тоа што го поседува порачува:

-Килијан е различен играч, ѕвер кој е многу силен во еден на еден, кој оди во празно, кој е многу брз и постигнува многу голови. Тој е комплетен играч и тоа го докажува со години, а и во годините што следат сигурно ќе биде меѓу најдобрите, -вели Лео кој проговори и за Нејмар.

-Со Нејмар се знаеме напамет, уживавме многу време заедно во Барселона. Би сакал да можев да уживам во тоа подолго во Барселона, но животот повторно не најде во Париз, среќни сме што сме заедно, сакам да играм со него, да бидам со него секој ден, -заклучи напаѓачот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни