Меси обелодени на што се должи неговата голема промена во стратегијата: Сфатив нешто многу важно оваа сезона!

messi-brada

Лионел Меси оваа сезона направи нешто што едноставно беше незамисливо во сите претходни сезони откако ја започна професионалната кариера, бидејќи два последователни натпревари во Лигата на шампионите ги започна на клупата за резерви.

Во договор со тренерот Ернесто Валверде, Аргентинецот остана на клупата на мечевите со Јувентус и Спортинг Лисабон, епилог кој едноставно беше незамислив во минатите сезони во кои големата ѕвезда на Барселона играше на секој натпревар, дури и во куповите.

Меси самиот има изјавено во неколку наврати дека воопшто не му се допаѓа седењето на клупата и дека сака да игра на секој натпревар, а сега во ексклузивното интервју за „Тик Спортс“ одлучи да открие на што се должи оваа негова голема промена која ја видовме во изминативе две недели.

– Сфатив нешто многу важно, сфатив дека сезоната е многу долга, дека има моменти во сезоната кои се многу потешки од ова сега. Како што минуваат годините, телото се потешко заздравува по акумулирани натпревари. Сфатив дека неиграњето од време на време е најдобро за мене, – потенцира Меси.

Facebook Коментари