Поврзете се со нас

Франција

Меси, Нејмар и Рамос се натпреваруваа кој ќе постигне поатрактивен гол, Галтие го освои првиот трофеј (Видео)

Објавено

на

ПСЖ по 11-ти пат во клупската историја го освои Суперкупот, но ова беше премиеирен трофеј за Кристоф Галтие како тренер на „светците“ и тоа го направи во голем стил.

Францускиот првак немаше милост кон Нант вечерва во Тел Авив на „Блумфилд“ стадионот, бидејќи испорача четири парчиња во мрежата на противничкиот голман.

Лионел Меси го отвори контото со мајсторијата со која потсети на најдобрите денови од Барселона, но ништо помалку атрактивни не беа ниту головите на Нејмар и Рамос.

Бразилецот режираше магија од слободен удар пред крајот на првиот дел за 2:0, додека Рамос постигна атрактивен гол со пета во манир на врвен голгетер.

Конечните 4:0 ги постави Нејмар на 8 минути пред крајот откако биеше прецизно од белата точка, гол кој само ја потврди разликата во квалитетот на двата тима.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни