Поврзете се со нас

Свет

Меси: Не сакам да бидам пример, јас се борев за моите соништа

Објавено

на

Лионел Меси изминативе денови е топ тема во светот на фудбалот, а причината за тоа е „Златната топка“ која ја освои по седми пат во кариерата.

Аргентинецот беше прогласен за најдобар игра на светот од страна на „Франс Фудбал“, па токму за овој медиум одработи интервју во кое отворено говореше за својот пат и секако славата. Меси обелодени дека не се чувствува удобно за да биде пример за останатите и не сака да дава совети затоа што секој пат е различен.

-Не знам дали сум пример. Не ми се допаѓа да бидам пример или да давам совети. Се борев за моите соништа. Прво требаше да бидам професионален играч, а потоа се обидов да се надминам себеси и секоја година да постигнувам нови цели. Во средината на сето тоа, постои и елемент на среќа. Тоа зависи и од Бог и верувам дека тој избра сето ова да ми се случи мене, -рече напаѓачот кој се огласи и за тврдењата дека е најдобар фудбалер на сите времиња.

-Никогаш не реков, не размислував, ниту се обидов да се согласам со оваа идеја.За мене, само да можам да бидам сметан или наведен како еден од најдобрите играчи во светот е повеќе од доволно. Тоа е нешто што никогаш не би се осмелил да го замислам или сонувам.

-Ама… не знам како да кажам за да не биде погрешно протолкувано… Не дека не ме интересира, туку, да речеме дека не му давам големо значење на сето тоа. Не ми менува ништо да бидам најдобар или не. И никогаш не се обидов да бидам ни едното ни другото, -заклучи ѕвездата на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни