Поврзете се со нас

Свет

Меси не реализираше пенал со „паненка“ удар, Мартинез го спаси аргентинскиот капитен (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Првото четвртфинале на Копа Америка меѓу Аргентина и Еквадор донесе многу поголеми возбудувања од што можеше да се очекува, бидејќи фаворитот едвај успеа да го скрши отпорот и да се пласира меѓу четирите најдобри.

Поради тоа што на Копа Америка нема продолженија во четвртфиналната и полуфиналната фаза, Аргентина и Еквадор веднаш пристапија на изведување удари од 11 метри, чин до кој се дојде благодарение на голот на Родригез во 92-та минута.

Еквадорците беа подобри во самата завршница и заслужено дојдоа до израмнување, откако претходно Лича Мартинез беше најснаодлив во првото полувреме и погоди за водство на „гаучосите“ од 1:0.

По израмнувачкиот гол на Родригез, беше јасно дека победникот ќе се решава во пенал рулетот, а како во голем број наврати за Аргенетина, херој беше Дибу Мартинез.

Капитенот Лионел Меси ја отвори серијата со неуспешен „паненка“ пенал, но Мартинез го спаси Лео со две импресивни одбрани и го најави новото полуфинале за Аргентина на Копа Америка.

Неговите одбрани беа клучни за пласманот во наредната фаза, па Меси немаше проблем да му честита и да му се заблагодари по крајот на мечот. За разлика од Лео, сигурни изведувачи за Аргентина беа Алварез, МакАлистер, Монтиел и Отаменди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни