Поврзете се со нас

Шпанија

Меси не плачеше сам на „Камп Ноу“: Реакцијата на фоторепортерот ги трогна фановите на Барса (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси ги приреди најболните сцени ова неделно попладне, бидејќи после повеќе од 20 години во клубот, мораше да собере храброст да и каже збогум на Барселона и на сите големи фанови на овој клуб.

Аргентинецот емотивно се сруши како никогаш досега и не можеше да го започне говорот во вип салата на „Камп Ноу“, па со оглед на тоа што беше очигледно дека е навистина потресен, доби и стоечки овации од сите во конференциската соба кои ќе останат вечно во сеќавање на сите кои беа дел од овој настан.

Меси со тешко срце, солзи во очите и растреперен глас и кажа фудбалско збогум на својата најголема љубов во фудбалот, а емоциите во салата беа до толку на високо ниво, што рамнодушен не можеше да остане и официјалниот фотограф на Барселона.

Една од сликите на денот ќе биде и фотографијата на која се гледа како расплаканиот фоторепортер за последен пат следи една прес-конференција на Меси во Барселона, што само доволно говори какво значење имаше Аргентинецот за сите на „Камп Ноу“.

Емотивната фотографија доби милионски шернувања, а огромен број фанови на Барселона се пронајдоа себеси во реакцијата на фоторепортерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни