Поврзете се со нас

Свет

Меси не можеше да ги сопре солзите при прославата со аргентинските фанови (Видео)

Објавено

на

Аргентина ја прегази Боливија, а хет-трикот на Лионел Меси значеше уште еден блесок на капитенот на „гаучосите“ кои остварија нова победа во јужноамериканските квалификации.

Потезите и головите на Меси донесоа ново уживање за фудбалските фанови, а по крајот на средбата Аргентинците решија да го прослават со своите фанови и освојувањето на Копа Америка.

Иако трофејот беше обезбеден пред два месеца, Аргентинците досега немаа можност да го споделат со своите навивачи, па ја искористија средбата со Боливија да се пофалат со големиот пехар.

Камерите го уловија емотивниот Меси со солзи во очите, што е уште една потврда за тоа колку му значеше триумфот на Копа Америка и можноста да се слави ваков успех со фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни