Поврзете се со нас

Шпанија

Меси не ја активираше клаузулата, останува во Барселона најмалку до наредната година

Објавено

на

Лионел Меси не ја активираше клаузулата според која можеше по крајот на оваа натпреварувачка сезона да си замине од Барселона без никакво трансфер обештетување.

Капитенот на каталонците имаше ваква опција во договорот кој го потпиша во 2017 година, опција која важеше со 31 мај и ако напаѓачот имаше намера тоа да го направи требаше да го извести клубот, меѓутоа Меси по се изгледа воопшто не размислува на оваа тема што не е некои изненадување со оглед на верноста која досега ја искажуваше кон тимот од „Камп Ноу“.

Меси има активен договор до 2021 година, ама дефинитивно истиот може да биде продолжен со оглед на тоа што сите инволвирани страни тоа го посакуваат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни