Поврзете се со нас

Свет

Меси не бил прв избор на македонските претставници Милевски и Барди

Објавено

на

Ерлинг Халанд влезе како фаворит за освојување на „The Best“ наградата која ја доделува ФИФА, но престижното признание повторно заврши во рацете на Лионел Меси.

Во бизарната церемонија на која не се појавија тројцата најдобри играчи во 2023-та година, Тјери Анри мораше да го прогласи победникот и да си го задржи трофејот за себе, но ФИФА мораше да дава објаснување и за најтесниот избор во историјата на индивидуалните награди.

Меси и Халанд биле израменети со 48 поени и биле во целосна егал ситуација, но на крајот наградата завршува кај Аргентинецот поради тоа што добил повеќе поени од гласовите на капитените и селекторите.

Во оваа група интересно не се двајцата македонски претставници, бидејќи и Благоја Милевски и Енди Барди најмногу поени му дале на фудбалерот кој освои историска триплета, Норвежанецот Ерлинг Халанд.

Селекторот Милевски му дал најмногу бодови на Халанд, на второ место го сместил Аргентинецот Алварез, додека на третата позиција го избрал Родри од Манчестер Сити. Енис Барди како капитен на Македонија пет бода му дал на Халанд, три на Мбапе, а еден на Лео Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни