Поврзете се со нас

Свет

Меси му открил на Суарез кој му е најголемиот проблем во Франција: Во Барселона…

Објавено

на

Лионел Меси по многу години ја промени клупската средина и минатово лето од Барселона се пресели во францускиот прволигаш Пари Сен Жермен.

Аргентинецот беше подготвен да остане на „Камп Ноу“, но договорот пропадна во последен момент поради финансиски причини што тој реши како слободен играч да им се приклучи на „светците“. Напаѓачот се уште не може да се пронајде во ПСЖ, односно не го прикажува најдоброто од себе за што има критики од јавноста, но и од некој познати француски фудбалски имиња.

Меѓутоа како што ќе одминува времето се очекува Меси да биде на повисоко ниво, а во меѓувреме Луис Суарез кој е негов добар пријател откри што во моментов најмногу го мачи Аргентинецот во Франција.

-Нашиот однос е ист како кога игравме во Барселона. Секојдневно зборуваме за натпреварите, семејствата и слично. Ми кажа дека се уште не се адаптирал во Франција и има посебен проблем кога игра на екстремен студ или снег. Му треба време да се навикне на времето во Париз и Франција бидејќи во Барселона е многу потопло во текот на годината, -истакна Суарез.

Лео во досегашниот тек на сезоната има четири гола и три асистенции на 12 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни