Поврзете се со нас

Свет

Меси му одговори на Мбапе: Зборуваше нешто слично и пред СП во Катар

Објавено

на

Foto:twitter.com/Argentina

Лионел Меси останува верен член на аргентинската репрезентација и на 36-годишнa возраст, но не само како епизодист, туку како лидер и капитен кој се обидува да го остави најдоброто на теренот.

Меси ќе биде предводник на актуелниот светски шампион на претстојниот турнир Копа Америка, каде „гаучосите“ интересно ќе го бранат и приматот на актуелни шампиони на Јужна Америка.

Во најавата за турнирот, новинарот на „ЕСПН“ му нагласи дека Килијан Мбапе испрати уште една потценувачка изјава во обидот да ги спореди Европското првенство и Копа Америка, ставајќи го првото натпреварување и пред Светското првенство.

Мбапе предизвика големи контроверзи и пред мундијалот во Катар кога нагласи дека селекциите од Јужна Америка не се на нивото на оние од Европа, па по најновата констатација која ја даде за Европското првенство, доби одговор и од поранешниот соиграч од ПСЖ.

– Мбапе го кажал тоа? Мбапе исто кажа нешто слично и пред СП во Катар, тогаш велеше дека екипите од Јужна Америка не се доволно квалитетни. Секој му дава значење на турнирот кој го игра, Европското првенство е важно, но на тој турнир не играат Аргентина, Бразил и Уругвај, селекциите кои имаат освоено по пет и две светски титули. На мундијалот се најдобрите екипи во светот и најголемите шампиони. Нема ништо поголемо од Светско првенство, – вели Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни