Поврзете се со нас

Шпанија

Меси му испрати порака на големиот ривал Касилјас по заминувањето во пензија

Објавено

на

Икер Касилјас во текот на вчерашниот ден стави крај на играчката кариера и официјално објави дека се повлекува од фудбалот, вест која брзо стана топ тема во фудбалска Шпанија, но и во пошироката јавност поради огромното влијание кое го имаше Шпанецот.

По серијата објави на социјалните мрежи, сега доста големо внимание предизвика изјавата на Лионел Меси, капитенот на Барселона кој не штедеше комплименти за својот голем ривал на теренот.

Меси и Икер имаа безброј беспоштедни битки на теренот како големи и лути ривали на „Ел Класико“ пресметките, но меѓусебната почит е неизмерна и тоа може да се заклучи од пораката на Лео.

– Икер се пензионира, но веќе влезе во историјата на фудбалот од пред извесно време. Не само поради тоа што беше пример во Ла Лига, туку поради тоа што на интернационално ниво освои се што можеше да се освои, – порача Меси во кратката изјава за „АС“.

Ова е само уште една потврда за големата меѓусебна почит меѓу двајцата, бидејќи Икер претходно во неколку наврати нагласи дека Лео е убедливо најдобриот играч со кој се соочил на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни