Поврзете се со нас

Свет

Меси ја потопи Боливија со хет-трик и го собори рекордот на Пеле (Видео)

Објавено

на

Аргентина ја победи Боливија со 3:0, а трите гола за домаќините ги постигна Лионел Меси.

Најголемата ѕвезда на „гаучосите“ ги израдува домашните фанови со уште една перфектна партија, потврдувајќи ги бодовите за аргентинската репрезентација во јужноамериканските квалификации.

Ефектот кој го имаше Меси против Боливија му донесе и соборување на нови рекорди.

Меси стана најдобар стрелец во националниот тим меѓу јужноамериканските фудбалери, откако со 79 постигнати голови, го остави зад себе легендарниот Пеле кој досега беше рекордер со 77.

Истовремено, Меси стигна до 26 погодоци на квалификациските натпревари во Јужна Америка, со што е на првото место пред Луис Суарез, кој досега беше рекордер со 25 постигнати голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни