Поврзете се со нас

Франција

Меси ја посочи најголемата разлика меѓу МСН и МНМ

Објавено

на

Лионел Меси од оваа сезона е член на Пари Сен Жермен, клуб во кој заедно со Нејмар и Килијан Мбапе ја формираа големата напаѓачка тројка МНМ (Меси-Нејмар-Мбапе).

Овие тројца дефинитивно ќе преставуваат огромна закана за сите противници, а останува прашањето дали истите ќе можат да го надминат и триото МСН (Меси-Саурез и Нејмар) од Барселона, тројка за која многуминаа сметаат дека беше најдобра во историјата на фудбалот.

Како што може да се забележи двајца играчи се исти, односно тука се Меси и Нејмар, па токму Аргетинецот се обиде да објасни која е разликата меѓу МСН И МНМ.

-Разликата е во годините. Бевме млади кога почнавме да играме со Неј. Денес младиот човек е Килијан. Луис и Килијан се многу различни играчи. Луис е чиста деветка, ефикасен напаѓач во казнениот простор кој е навикнат да постигнува многу голови. Килијан повеќе сака да ја допира топката. Тој е многу моќен и брз играч кој ве убива ако му дадете простор, а исто така постигнува многу погодоци. Тие се два спектакуларни играчи, но со многу различни квалитети, -истакна Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни