Поврзете се со нас

Свет

Меси ја отвори сезоната со две асистенции, Интер Мајами се спаси од пораз во 100 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/InterMiamiCF

Започна новата сезона во МЛС лигата, а еден од главните кандидати за титулата Интер Мајами не успеа да слави на првиот натпревар против Њујорк Сити.

Домаќините најголемиот дел од натпреварот го играа со играч помалку (исклучен беше Авилес во 23 минута), па овој бод, резултат од 2-2 и не е лош ако се земат предвид сите околности.

Авилес на асистенција на Меси донесе водство за клубот од Флорида, но гостите со голови во 26 и 55 минута го свртеа резултатот и водеа со 2-1 се до 100 минута.

Меси го проигра Сеговија кој имаше мајсторска завршница со која не дозволи пораз на својот тим.

Во следното лигашко коло избрнаниците на Маскерано му гостуваат на Хјустон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни