Поврзете се со нас

Франција

Меси ја најави, Рамос ја потврди победата на ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

По два порази на домашен терен, ПСЖ ја прекина кризата на гостувањето кај Ница оваа вечер, натпревар на кој „светците“ стигнаа до посакувани три бода со доста труд на „Алијанц Ривиера“ стадионот.

Ница испрати повеќе директни удари кон голот и имаше поголема активност пред противничкиот гол, но сепак немаше прецизност како онаа на гостите, кои вечерва го имаа и инспирираниот Меси.

Аргентинецот го отвори резултатот по додавање од Мендеш од левата страна и резултатот првпат се менуваше во 26-та минута, по што мора да се каже дека далеку подиректен ривал беше домашниот тим.

Ница се обидуваше да дојде до израмнување на секаков начин, но наместо тоа, Серхио Рамос како беше најдобар по еден корнер и по којзнае којпат во кариерата погоди на ваков начин.

Стоперот ги натскока своите чувари по корнерот кој го изведе Меси и ги постави конечните 0:2 на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни