Поврзете се со нас

Свет

Меси ја искоментира својата „паненка“ утка и откри каква порака добил од херојот Мартинез

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Лионел Меси нема постигнато ниту еден гол до полуфиналето на Копа Америка, ситуација на која дефинитивно не се навикаа верните аргентински фанови во изминатите две децении.

Капитенот на „гаучосите“ не е клучен како во досегашниот тек на репрезентативната карриерар во која доста долго го носеше тимот на свој грб, но сега дочека генерација која очигледно знае да игра и кога тој не е на највисоко ниво.

Меси рано утрово промаши пенал со „паненка“ обид во дуелот со Еквадор, но затоа брилјираше Дибу Мартинез кој со две одбрани ја однесе Аргентина во полуфиналето.

– Бев убеден дека треба да шутирам со „паненка“. Зборував со Дибу за тоа, видовме дека еквадорскиот голман се фрла отсечно на една од страните. Идејата беше добра, но реализацијата изостана. Ја шутнав топката малку посилно и отиде во гредата. Навистина бев лут што промашив.

– За среќа, секогаш го имаме Мартинез во пенал рулетот, во клучните моменти. Секогаш станува преголем за противниците во пенал рулетите. Има огромна самодоверба, дури и пред натпреварот ни порача да бидеме мирни ако стигне до пенали. Секогаш е пресамоуверен во пеналите, – изјави Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни