Поврзете се со нас

Шпанија

Меси ја дозна казната од „дисциплинците“ за црвениот картон против Билбао

Објавено

на

Капитенот на Барселона, Лионел Меси ја дозна казната за црвениот картон што го доби против Атлетик Билбао во финалето на Супер Купот на Шпанија.

Меси за прв пат заработи исклучување во дресот на каталонскиот гигант и тоа во самиот финиш на второто продолжение кога го закачи напаѓачот на Билбао, Асиер Виљалибре. Медиумите пишуваа дека Аргентинецот може да добие дебела казна и подолго време Куман да го нема на располгање, но дисципинците не го окарактеризирале инцидентот како насилничко однесување, па напаѓачот ќе се лади на два натпревари.

Ова значи дека Лео нема да игра против Корнелја во Копа Дел Реј и во пресметката против Елче во Примера.

Останува можноста Барса да се жали на оваа одлука и да биде намалена казната, ако тоа не се случи „десетката“ на каталонците ќе се врати на теренот против Билбао на 31 јануари што можеби е и најдобро затоа што тој во изминативе денови имаше проблеми со мускулот, па овој период ќе му дојде како добредојден за целосно закрепкнување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни