Поврзете се со нас

Шпанија

Меси изрежира уште една мајсторија, Барселона лесно до трите бода против Елче (Видео)

Објавено

на

blank

Екипата на Барселона се врати на победите во шпанската Ла Лига откако со 3:0 го совлада тимот на Елче во денешниот заостанат натпревар уште од  1. коло.

„Каталонците“ до победата стигнаа со трите гола постигнати во вториот дел од натпреварот кога во елемент влезе најдобриот играч на клубот, Лионел Меси.

Аргентинецот ги постигна првите два погодоци, а посебно убав беше првиот кога во комбинација со Брајтвајт го совлада противничкиот голман Бадиа.

Третиот и последен погодок за Барселона на овој натпревар го постигна Жорди Алба кој ја искористи асистенцијата на Мартин Брајтвајт кој исто така одигра одличен натпревар со две асистенции за погодок.

Со оваа победа, Барселона стигна до 50 бода, два бода помалку од Реал Мадрид и пет од лидерот, Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни