Меси излезе со свој став за најавениот трансфер на Гризман во Барса

mesi-grizi

Фановите на Барселона доживеаја многу емотивна вечер на „Камп Ноу“ каде за последен пат го поздравија својот неповторлив капитен, Андрес Иниеста, збогување кое секако се најде во прв план на комплетната шпанска спортска јавност.

Резултат од мечот со Реал Сосиедад остана во втор план и сите беа насочени кон она што се случуваше со Иниеста, но по крајот на средбата и целата шампионска и проштална церемонија во Барселона, посебно во центарот на вниманието се најде изјавата која ја даде Лионел Меси.

Во кратка изјава за каталонското радио „РАЦ 1“, Меси доби прашање за толку коментираната тема меѓу шпанските медиуми во последните неколку дена, односно најавеното пристигнување на Антоан Гризман во Барселона.

– Нема што да кријам ми се допаѓа Гризман, тој е еден од најдобрите играчи во светот во овој момент. Се зборува многу за неговото доаѓање, но не знам како стои точно таа тема. Сепак, јас ќе бидам пресреќен ако најдобрите играчи пристигнуваат во Барселона, – порача Меси кој на овој начин даде зелено светло за ангажман на Французинот.

Facebook Коментари