Поврзете се со нас

Свет

Меси избегна тешка повреда по невнимателниот старт на дефанзивецот на Нешвил (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами успеа да остане непоразен на првото соочување со Нешвил во Купот на шампионите и тоа благодарение на ветераните Лионел Меси и Луис Суарез.

Јужноамериканците постигнаа два гола во второто полувреме и му донесоа реми на својот тим што секако е позитивен резултат пред реваншот кој се игра на Флорида на 14 март.

Меси на овој меч воедно беше жртва на еден невнимателен старт при кој можеше да заработи потешка повреда. Се играше 77 минута кога Лукас Мекнотон при обид ја исфрли топката убаво го закачи Аргентинецот кој потоа од болка се превиткуваше на теренот.

Ветеранот и покрај ударот остана во игра до самиот крај и можеше да теренот да му се израдува на израмнувачкиот гол на Суарез ов 95 минута.

Меси постигна мајсторски гол, па Суарез го спаси Интер Мајами од пораз во Купот на шампионите (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни