Поврзете се со нас

Шпанија

Меси испрати специјална порака по трофејот во Купот: Губевме поради тоа што бевме наивни, но сега е поинаку!

Објавено

на

Лионел Меси го подигна првиот трофеј во Копа дел Реј како капитен на Барселона, титула која сосема заслужено ја освоија тој и неговите соиграчи во волшебната ноќ во Севилја во која го декласираа Атлетик Билбао во големото финале.

Барселона победи со 4:0 на завршниот меч на „Ла Картуха“ стадионот, а Меси постигна два погодоци во голеадата, од кои оној првиот беше навистина извонреден и антологиски.

Во сезоната која ја започна со многу лоши мисли, Меси вечерва со огромно задоволство го подигна првиот трофеј во ерата на Роналд Куман, по што реши да одработи и брзо интервју за официјалната телевизија на Барселона.

– Специјално е чувстото да се биде капитен на овој клуб. Овој триумф во Копа дел Реј е навистина многу специјален за мене, бидејќи за првпат јас ја подигнувам титулата како капитен. Ова е навистина сладок трофеј, на многу натпревари во Купот страдавме, правевме пресврти и навистина сум среќен за насмевките кај моите соиграчи. Посебно е да се биде капитен на овој клуб, клуб во кој го минав цел мој живот, овој трофеј во Купот е навистина посебен за мене.

– Чудно е да се освои титулата, а да не можеме да прославиме со нашите фанови и со нашите најблиски од семејствата. Ова е тешка година за сите нас, затоа овој трофеј е многу важен. Оваа година е поинаква од сите претходни, ова е година на транзиција, има многу млади играчи во тимот, но забележавме голем напредок. Започнавме со грч, имавме проблеми во првиот дел од сезоната и губевме натпревари и поени поради тоа што бевме наивни. Потоа, станавме далеку подобри, сега сме добри и цврсти и се вклучивме во битката за титулите. За жал не остваривме добар резултат на „Ел Класико“, но преостанува уште многу за игра во Примера и ќе се бориме до крај, – порача Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни