Поврзете се со нас

Шпанија

Меси испрати порака до играчот од кого Барселона реши да се откаже

Објавено

на

Foto:twitter.com/AFASeleccionEN

Лионел Меси од 2021 година не е дел од Барселона, но тој и понатаму со големо внимание ги следи сите настани, актуелности, вести поврзани со шпанскиот великан.

Аргентинецот повеќе од две децении беше дел од Барселона и многу добро знае како функционира клубот од кого не се раздели баш најпријателски, односно како што заслужува со оглед на тоа што требаше да потпише нов договор за да во последен момент тоа пропадне по што беше принуден да бара друга алтернатива, па следуваше преселба во ПСЖ од каде замина во Интер Мајами.

Сега уште еден играч, лидер, капитен доживува слична судбина како него, а тоа е Серхи Роберто кој дефинитивно заслужни многу подобар третман од клубот на кого му посвети скоро 20 години од животот.

Тој беше оставен на чекање, поточно договорот му заврши на крајот на месец јуни и остана да виси дали ќе биде продолжен. На крајот ништо не се случи и Роберто си заминува со оглед на тоа што дефинитивно не е во плановите на тренерот Ханси Флик, плус тука е специфичната финансиска состојба.

Барселона ја потврди разделбата со капитенот, играчот се огласи со емотивно видео (ВИДЕО)

Меси се огласи по веста дека приказната на Серхи со Барселона е завршена, поточно испрати јасна, ама кратка порака до некогашниот соиграч.

-Многу среќа во новото поглавје. Ти посакувам се најдобро, -напиша Лео на Инстаграм.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни