Меси испрати директна забелешка до Бразилците по првата победа на Аргентина

mesi-mafta

Лионел Меси се обезбеди најдобар роденденски подарок откако со својата Аргентина успеа да ја оствари првата победа на Копа Америка, триумф кој беше доволен „гаучосите“ да се најдат во втората фаза на континенталното натпреварување.

Аргентина победи со 2:0 неколку часа пред Меси да наполни 32 години, а иако не постигна ниту еден гол, капитенот имаше важна улога во далеку подобрата слика која ја прикажа селекцијата предводена од Скалони. Тактиката со двајца напаѓачи покрај Меси вроди со плод и видовме доста поагресивна Аргентина, но сепак има едно нешто од што Лео никако не е задоволен. Меси јавно се пожали за лошата состојба на терените на кои се игра Копа Америка, испраќајќи директна забелешка до организаторот Бразил.

– Ова беше добар натпревар и го направивме тоа што моравме. Не може да се игра течно во вакви услови. Топката ме удира во ногата уште пред да има контакт со земјата. Сите терени на кои игравме се многу лошо. Многу е тешко да се игра во вакви услови, – се пожали Меси и додаде.

– Потребен ни беше ваков натпревар пред она што следи. Добивме на смиреност и самодоверба, добивме втора шанса и мора да ја искористиме. Сега започнува нова Копа Америка, немаме право на грешка, – порача Лео пред дуелот со Венецуела.

Facebook Коментари