Меси со искрена изјава: Стравував дека Флорентино ќе го купи…

mesi-trenerka

Лионел Меси конечно ја остави непријатната повреда зад себе и врза два натпревари како стартер во новата натпреварувачка сезона, а тоа веднаш донесе позитивни работи во играта на Барселона која изгледа далеку поинаку со својата најдобра ѕвезда.

Аргентинецот полека се опоравува од проблематичното лето во кое немаше пресезонски подготовки како што е обично навикнат, па по цели два месеци пауза, конечно максимално му се стави на располагање на тренерот Ернесто Валверде кој мора да се напомене дека доста го менуваше составот во негово отсуство.

Меси изминатово лето беше зафатен со заздравување на повредата на мускулот, но и со една трансфер сага која на крајот не се реализираше, бидејќи јавна тајна е дека тој и останатите соиграчи од Барселона силно посакуваа да го видат Нејмар на „Камп Ноу“, исто како и што Бразилецот посакуваше да се врати во Барса.

Откако не се реализираше сензационалниот кам-бек, Меси сега даде една интересна изјава за познатото каталонско радио „RAC1“, разговор при кој призна дека стравувал од едно најцрно сценарио по нереализираниот договор меѓу ПСЖ и Барселона.

– Ќе бидам искрен. Кога Нејмар не пристигна во Барселона, мислев дека ќе замине во Реал Мадрид. Тој имаше огромна желба да си замине од Париз и јасно го кажа тоа. Стравував и мислев дека Флорентино и Реал Мадрид ќе направат нешто посебно да го купат кога не заврши во Барселона, – признава Меси.

Facebook Коментари