Меси со интересна изјава за своите два сина: Тиаго е феномен, но Матео e…

mesi-deca

Лионел Меси во ексклузивното интервју за аргентинската телевизија „Тик Спортс“ најде време да говори за својот професионален, но и за својот приватен живот, а со оглед на тоа што навистина добро стои со сите новинари од овој медиум, ѕвездата на Барселона одлучи да ги долови и карактерните особини на своите два сина.

Меси пред извесно време откри дека Тиаго му се обраќа со прекарот кој го слуша од своите другарчиња од училиштето, а во најновото обраќање, откри дека токму постариот од двајцата браќа е многу поразбран и помирен од помалиот.

Аргентинската ѕвезда признава дека тој и Антонела имаат многу поголеми проблеми со помалиот син Матео, кој Меси вели дека е комплетен контраст во однос на Тиаго.

– Матео е ужасен, има навистина незгоден карактер. Се уште е многу мал, но комплетно се разликува од Тиаго. Тиаго е феномен, многу подобар и комплетно спротивен од Матео. Матео во случајот е кучкин син. Прави проблеми, но како и да е, навистина уживам да гледам колку двајца браќа можат да бидат различни, – открива Меси.

Facebook Коментари