Поврзете се со нас

Свет

Меси им се обрати на разлутените Кинези по разочарувачките сцени во Хонг Конг

Објавено

на

Foto:instagram.com/davidbeckham

Лионел Меси не настапи на пријателскиот натпревар во Хонг Конг и го преседе овој дуел на клупата за резерви, потег кој навлече голем гнев кај 40-илјадната публика која беше на трибините.

Кинеските фанови останаа крајно разочарани од неиграњето на Меси за кого платија и по 500 евра за да го гледаат во живо, па поради искажаното незадоволство, натпреварот доби и црна дамка со извиците од трибините и негодувањата на фудбалските симпатизери.

Навивачите бараа да им се вратат парите и жестоко го исвиркаа Дејвид Бекам кој даваше изјава по крајот на натпреварот, а два дена после овие случувања, Меси почувствува потреба да се огласи во јавноста.

Лео предизвика голема хистерија во Хонг Конг со самото појавување на тренингот еден ден пред мечот, но сега вели дека бил оневозможен да настапи поради повреда.

– За жал, работите во фудбалот се менуваат многу брзо, во секој меч, во секој момент. Заработив повреда и затоа не можев да играм на мечот во Хонг Конг.

– Навистина ми е жал, сакав да учествувам на тој натпревар, особено со оглед на интересот кој го имаше од фановите. Патувавме многу далеку за да стигнеме таму, а луѓето со нетрпение не чекаа. Се надевам дека еден ден ќе се вратиме и дека ќе можам да играм пред таа публика. Тоа е што е, едноставно немав шанса да играм на тој натпревар, – вели Меси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни