Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Меси им испрати тешки зборови на соиграчите како мотивација пред вториот дел: Немој да бидеме…. (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси со неколку клучни потези му пресуди на Наполи на вчерашниот меч во Лигата на шампионите, не само поради бравурозниот гол кој го постигна, туку и поради фактот што се избори за пенал кој подоцна Суарез го реализираше за 3:0.

Аргентинскиот фудбалски маестро уште еднаш се истакна во една важна ноќ во Европа и дополнително му беше поништен еден чист гол, а ако се суди според неговото однесување на теренот, но и тоа надвор од истиот, Лео вчера бил навистина посебно наострен за триумф.

Меси не сакаше да се поздрави со судијата Џунејт Чакир и намерно го „олади“ по крајот на мечот, но сега ни пристигна и видео кое ни го открива неговиот говор пред да излезат играчите во вториот дел.

Лео во улога на капитен употреби доста тешки зборови за да ги мотивира своите соиграчи, во повеќе наврати потенцирајќи им да не бидат глупави и бескорисни.

– Излегуваме силно. Немој да бидеме глупави, имаме два голови предност. Мора да бидеме смирени, немој да бидеме глупави и бескорисни, – порача Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни