Поврзете се со нас

Свет

Меси и Суарез направија шоу, Интер Мајами ја наполни мрежата на Орландо (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами стигна до убедлива победа со резултат 5:0 на дуелот со Орландо во МЛС лигата, а натпреварот беше одбележан со гол шоуто на Луис Суарез и Лионел Меси.

Уругваецот ги постигна првите голови во американскиот тим и уште во првиот дел донесе водство од 2:0, а до крајот на полувремето испрати и асистенција до Тејлор за 3:0.

Второто полувреме мина во знакот на Меси, кој исто така погоди два пати, па фановите на Интер Мајами можеа да уживаат во одличниот настап на првите ѕвезди на екипата.

По три одиграни средби во МЛС, Интер Мајами има 7 бода со кои води на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни