Поврзете се со нас

Свет

Меси и Суарез асистираа, Интер Мајами со победа ја отвори сезоната во МЛС лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LuisSuarez9

Фудбалерите на Интер Мајами со победа над Реал Солт Лејк (2-0) ја отворија новата сезона во МЛС лигата.

Ѕвездениот состав од Флорида предводен од Меси, Суарез, Бускетс и Алба ја оправда улогата на фаворит и ги израдува своите навивачи.

Лео и Луис не се запишаа во листата на стрелци, но беа дел од акциите при кои паднаа погодоците, Тејлор стрелаше во 39 минута на асистенција на Аргентинецот.

Вториот гол падна во 83 минута кога Меси го проигра Суарез кој пак ја испрати топката до Гомес за потврда на трите бода за Интер Мајами.

Во наредното коло избраниците на Тата Мартино ги очекува дерби со Лос Анџелес Галакси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни