Свет
Меси и Бекам имаа специјален вип гостин за финалето (Фото)

Лионел Меси тренираше во изминатите неколку дена и се чинеше дека ќе ризикува за финалето против Хјустон во Ју-Ес Опен купот, но на крајот Аргентинецот реши да го мине натпреварот на трибините.
Без најголемата ѕвезда во тимот, Интер Мајами загуби со 2:1 и остана без вториот Куп трофеј, а тоа доволно говори какво влијание има Лео врз своите соиграчи откако пристигна во Америка.
Кога е Меси на теренот, Интер Мајами не знае за пораз, но единствените два порази во последните два месеци пристигнаа само на натпреварите кога не играше Лео.
Резултатот донесе вистинско разочарување за сите познати лица во Интер Мајами, но сепак ова финале донесе и една легендарна фотографија која ни откри дека Бекси повикал вип гостин.
Зинедин Зидан бил присутен и во живо го гледал финалето, а тоа било добра прилика за да се овековечи моментот и на иста слика да ги видиме трите ѕвезди кои со години се заштитни лица на Адидас.
⚽️✨ Messi, Beckham & Zidane in Miami together for the game vs Houston! 😍 pic.twitter.com/UIjD3wJS8e
— EuroFoot (@eurofootcom) September 28, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 20 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 7 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него