Поврзете се со нас

Свет

Меси и Алварез ја предводеа Аргентина до финалето на Копа Америка

Објавено

на

Аргентина е првиот финалист на Копа Америка, откако на стадионот Метлајф во Њу Џерси ја совлада Канада со 2:0.

„Гаучосите“ продолжуваат да доминираат на големите натпреварувања. Ова е нивен трет последователен пласман во големото финале и во понеделник вечер ќе бркаат трета голема титула по ред.

Исто така, Аргентина ќе има шанса да избие сама на чело на вечната листа кога се во прашање трофеите, бидејќи сега има 15, исто како и Уругвај. Токму овие две селекции би можеле да се судрат во финалето бидејќи Уругвај за пласман во него ќе се бори против Колумбија.

Аргентина по втор пат во ова натпреварување беше подобра од Канада. Овој пат пред повеќе од 80.000 гледачи на стадионот кој е храм на американскиот фудбал.

Канаѓаните го отвори Хулијан Алварез, кој постигна гол во 22. минута на асистенција на Родриго де Пол. Во 51. минута најголемиот фудбалер на 21. век Лионел Меси го постигна својот прв гол на овогодинешното Копа. На овој начин му успеа она што не го постигна ниту неговиот ривал Кристијано Роналдо, да постигне барем по еден гол на секое од шесте изданија на континенталниот турнир на кој учествуваше.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни