Поврзете се со нас

Свет

Меси го заврши својот говор на уникатен начин и ги трогна сите Аргентинци: За крај имам порака за Диего…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ballondor

Лионел Меси вчеравечер по осмина пат го доби најголемото индивидуално признание и повторно ја доби „Златната топка“, а за разлика од обично, Аргентинецот беше посебно расположен за зборување и неговиот говор не остави никого рамнодушен.

Светскиот шампион уште во првиот дел од говорот ги спомена своите ривали Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе како фудбалери кои исто така ја заслужиле важната награда, но за Аргентинците посебно внимание привлече завршницата од говорот кој го имаше на бината во Париз.

Меси покажа голема класа и не го заборави Аргентинецот кој има значење на фудбалски Бог во неговата родна земја, бидејќи судбината посака Лео да ја освои осмата „Златна топка“ на денот кога Диего Марадона обично го славеше својот роденден (30-ти октомври).

– За крај да завршам, сакам да го споменам Диего: Денеска славеше роденден. Нема подобро место до ова да му посакам среќен роденден. Нема подобро место од ова, опкружен со фудбалери, со фудбалерки, со луѓе кои го сакаат фудбалот како што тој го сакаше……

– Каде и да си, среќен роденден Диего, оваа награда е исто така за тебе. Ја споделувам со тебе и со цела Аргентина, – порача Меси за крај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни