Поврзете се со нас

Свет

Меси го загуби дуелот со грчки фудбалер во изборот за дебитант на сезоната во МЛС

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси пред неколку дена ја освои рекордната осма „Златна топка“, но не успеа да стигне до првата индивидуална награда во МЛС.

Новиот член на Интер Мајами го освоил второто место во гласањето за дебитант на сезоната, а го загуби дуелот со грчкиот интернационалец Јоргос Јакумакис од тимот на Атланта.

Јакумакис постигна 17 голови во дебитантската МЛС сезона, а во гласањето за признанието добил 45,8 проценти од гласовите.

Меси одигра само 372 минути во шест настапи и не можеше да го покаже својот квалитет поради проблемите со повреди, па постигна еден гол и имаше две асистенции, додека Интер Мајами не обезбеди место во плејофот. Аргентинецот затоа доминираше во американско-мексиканскиот Лига куп, кој тимот од Флорида го освои најмногу благодарение на неговите десет погодоци на седум натпревари.

Аргентинската ѕвезда и со минимален ефект освоил 27,3 проценти од гласовите, но сепак бил далеку од резултатот на Јакумакис, кој во Атланта дојде од редовите на Селтик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни