Поврзете се со нас

Свет

Меси го сподели моментот кој никогаш нема да го заборави: Каде си Чиро (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси е на заеднички одмор со цело свое семејство и ужива во најрелаксираните денови во неговиот живот, од едноставна причина што првпат замина на едно патување со освоен трофеј како капитен на Аргентина.

Самиот Меси во неколку наврати порача дека секое лето по репрезентативните натпреварувања било навистина тешко за него, па по низата неуспеси, овој јули конечно успеа да се израдува на еден голем трофеј.

Аргентина го освои трофејот во Копа Америка и за Меси тоа беше прва голема титула како член на најсилната селекција на „гаучосите“, успех кој предизвика многу емоции во цела јавност и меѓу соиграчите.

Најголем дел од аргентинските фудбалери го посочија Меси како главна инспирација во шампионскиот поход, а капитенот сега сподели едно приватно видео кое никогаш нема да го заборави.

На својот официјален Инстаграм профил, Меси го сподели моментот кога од теренот има видео повик со своето семејство, а од тоа што може да се види, последен медалот го виде малиот Чиро.

– Каде си Чироооо……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни