Поврзете се со нас

Свет

Меси го „прочита“ поранешниот соиграч, голманот на Интер Мајами го одбрани пеналот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/InterMiamiCF

Без победник заврши дербито во МЛС лигата меѓу Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами и тоа во меч во кој гостите се изборија за бод со голот на Лионел Меси во судиското продолжение.

Ова воедно беше дуел на кој домаќините не реализираа удар од 11 метри, ситуација во која ако се суди по видеото своја улога имал и Лионел Меси.

Меси кој го познава Рики Пуч (го шутираше пеналот) од времето од Барселона му даде иструкции на голманот Дрејк Календер на која страна да се фрли, односно каде ќе шутира Шпанецот.

Пуч шутна токму така каде сугерираше Аргентинецот, а Календер имаше фантастична интервенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни