Свет
Меси го прекина молкот и се отвори за провокациите кон Ван Гал и Вегхорст: Оставив лоша слика….

Лионел Меси повеќе влезе во вториот месец како актуелен светски шампион и се уште се свежи сеќавањата од незаборавните случувања во Катар и Буенос Аирес, но откако заврши мундијалот, капитенот на „гаучосите“ сега првпат се огласи за најтензичниот меч на Светското првенство.
Четвртфиналето меѓу Холандија и Аргентина донесе многу тензија, провокации, невкусни моменти и нервозни реакции од актерите, а во фокусот се најде и Меси кој најпрво го провоцираше Луи Ван Гал, за потоа да му испрати и лоши зборовите на Вут Вегхорст со фамозната изрека „Глупаку, продолжи да шеташ“.
Со смирени страсти и ладна глава, Меси признава дека не е воодушевен од своето однесување и дека жали за направеното на споменатиот меч, но истовремено додава дека сето тоа е производ на тензијата и емоциите кои преовладуваат за време на фудбалски натпревар.
– Немав ништо смислено, ниту прославата за Ван Гал, ниту тоа што следеше. Едноставно знаев што се коментираше пред мечот, знаев што изјави Ван Гал. На сето тоа, моите соиграчии дополнително ме „палеа“ и му порачуваа: Виде ли што изјави. Јасно е дека намерно го правеа тоа. На крајот, кога заврши се, не ми се допадна тоа што го направив.
– Не ми се допадна ниту тоа во подтрибинскиот простор, но тоа е што е. Така е во фудбалот, има многу тензија, многу нервоза и се се случува многу брзо. Секој реагира во даден момент, немав ништо испланирано. Не ми се допадна што оставив таква слика, но се случуваат и такви работи, – признава Меси.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……