Поврзете се со нас

Свет

Меси го постигна најчудниот гол во кариерата и ја најави победата на Аргентина (Видео)

Објавено

на

Аргентина славеше убедливо против Уругвај (3:0) во натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар и дополнително се приближи до потврдување на мундијалската виза.

Лионел Меси и неговите соиграчи лесно го добија јужноамериканското дерби, а токму капитенот ја најави победата и тоа на невообичаен начин.

Во 37. минута од средбата, Меси уфрли топка кон Гонзалес, но истата ја промаши не само Аргентинецот, туку и уругвајскиот голман Муслера, по што заврши во мрежата и му го донесе веројатно најчудниот и најнеочекуваниот погодок во репрезентативната кариера на Меси.

До крајот погодија и Де Паул и Мартинез за конечни 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни