Поврзете се со нас

Свет

Меси го откри „сокриеното богатство“ од својот дом и ги воодушеви Аргентинците (Фото)

Објавено

на

foto: x.com/Argentina

Лионел Меси ги дочека најславните денови како аргентински капитен на залезот на својата кариера, бидејќи од 2021-ва година наваму, големиот фудбалски мајстор го предводеше националниот тим до три огромни титули.

Трофејот на Копа Америка во 2021-ва година стави крај на едно долго проклетство кое го прогонуваше Меси во националниот тим, но една година подоцна, пристигна убедливо најзначајниот момент во кариерата на Лео.

Аргентинскиот капитен како лидер на тимот на Скалони ги предводеше „гаучосите“ до историската титула на Светското првенство во Катар, но доминацијата на овој тим не застана тука.

Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка изминатово лето и потврди дека е убедливо најдобар тим во Јужна Америка, а сите овие достигнувања направија Меси да оформи еден мал музеј кој медиумите го нарекоа „сокриено богатство“.

Меси направил уникатна колекција од 20 аргентински дреса и пронашол место за нив во својот дом, па откако истата ја сподели на социјалните мрежи, фотографијата на големо се споделува од фудбалските фанови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни