Меси го откри елементот на играта во кој посакува да напредува

mesi slavi

Барселона вчера со пресврт го победи Реал Сосиедад, а откако остана на првото место на табелата во Ла Лига, сега го очекува првиот настап во Лигата на шампионите.

Најдобриот играч на Каталонците, Лионел Меси, одвои малку повеќе време за медиумите по оваа гостинска победа, а интересно открил и еден сегмент во кој посакува да биде многу подобар.

– Сакам да бидам поефикасен при изведувањето пенали, но тоа тешко се постигнува. Не е исто да шутираш пенал на тренинг и за време на официјален натпревар, идеја секако имаш, но во реалноста е многу потешко од тоа што изгледа.

– Голманите прават се што можат да не запрат и ако го погодат аголот, ги преземаат ловориките. Сето ова нема да ме спречи да работам на овој елемент и се надевам дека ќе напредувам, – истакнал Меси.

Facebook Коментари