Поврзете се со нас

Франција

Меси ги збуни ривалите, но и судијата: Лео генијално додава и кога е фаулиран (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Лионел Меси режираше нова бравура од слободен удар на натпреварот против Ница и му помогна на ПСЖ да стигне до нова победа, но ова не беше единствениот генијален потег на Аргентинецот на споменатиот меч.

Од стартот на новата сезона, се почесто се добива впечаток дека Меси почна да се забавува на натпреварите во Лига 1 и игра со се поголема самодоверба, па ривалите не се сигурни и во ситуација кога ќе го фаулираат.

Најдобар доказ за тоа е последниот меч на „Паркот на принцовите“, бидејќи Меси успеа да проигра свој соиграч и во ситуација кога лежеше на земја.

Аргентинецот беше очигледно фаулиран и соборен на земја, но и од таква положба успеа да додаде и да дојде до израз неговиот преглед на играта.

Додавањето до Нејмар испадна точно и прецизно, а судијата остана збунет бидејќи беше решен да досуди прекршок, а потоа брзо мораше да ја менува одлуката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни