Светски првенства
Меси ги „поздрави“ медиумите: Не знам зошто го правевте тоа, за малку ќе се повредев
Лионел Меси по којзнае кој пат се покажа како херој за Аргентина, и тоа во ситуација кога неговата селекција изгледаше загубено на теренот и доста безидејно да го скрши бедемот пред голот на Мексико.
„Ацтеките“ се предодредија да се бранат со сите сили во второто полувреме во мечот на кој повеќе им одговараше бод, но нивниот план пропадна откако Меси испрати неодбранлив удар од 20-тина метри, мајсторија со која беше најавена победата на Аргентинците.
Со првите три бода на мундијалот, Меси и соиграчите ќе можат многу помирно да се подготвуваат за мечот со Полска, кој исто како и денешниот, има значење на финале.
– Сега не смееме да го спуштиме гардот. По првиот меч се доведовме во ситуација сите натпревари до крајот да бидат како финале. Немаме право на грешка и денеска одговоривме на најдобар можен начин. Мексико е добар тим и има одличен тренер и не беше лесно. Го остваривме тоа што сакавме и сега ни следи меч со Полска, – изјави Меси, кој ги „поздрави“ и новинарите и медиумите кои кренаа голема фама околу негова можна повреда пред стартот на мундијалот , ставајќи посебен акцент на неговиот отечен зглоб.
– Не знам зошто се направи голема работа од тоа. Сите од еднаш почнаа да зборуваат за зглобот, а немаше ништо. На претходниот меч го свиткав зглобот во последната минута и за малку ќе се повредев. За среќа, минав добро. Изгледа како некој ова да го прави намерно. Цела седмица се зборуваше за зглобот и на крајот за малце ќе се повредев. Добро е што тренирав наредните денови и денеска вложив напор за да им помогнам на соиграчите, – изјави Меси.
-
Италијапред 21 час
Капело ги критикуваше клучните играчи на Милан и испрати совет до управата на клубот
-
Англијапред 23 часа
Роси има интересен предлог за тренер на Јунајтед: Тој е легенда и помогна да се изгради нивната култура
-
Германијапред 23 часа
Баерн преговара со искусно тренерско име: Тие ме контактираа…
-
Шпанијапред 20 часа
Чави имаше состанок со Лапорта, донесена е одлука за неговата иднина во Барселона
-
Италијапред 18 часа
Скамака даде атрактивен гол, Аталанта ќе го предизвика Јувентус во финалето на Купот (ВИДЕО)
-
Англијапред 10 часа
Бесниот Ван Дајк испрати брутална порака до своите соиграчи по тешкиот пораз од Евертон
-
Италијапред 23 часа
Жиру си заминува од Милан по крајот на сезоната, позната е неговата следна дестинација
-
Англијапред 18 часа
Евертон по 14 години го совлада Ливерпул на „Гудисон Парк“, Јунајтед со нов меч со шест гола (ВИДЕО)