Шпанија
Меси ги наброја најважните квалитети на Лаутаро, напаѓачот кој сака да го види како свој соиграч во Барса
Лионел Меси нема проблем да признае дека сака да го види Лаутаро Мартинез во Барселона и пред неколку месеци и го предложи на управата како потенцијално големо засилување, а бидејќи оттогаш не престануваат шпекулациите за можни преговори на релација Каталонија-Милано, Аргентинецот мораше и по вторпат да дава подетална изјава за својот сонародник.
Во опширното интервју кое го направи за најтиражните каталонски весници „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, Меси ја дообјасни својата изјава околу скептицизмот за можнот освојување на Лигата на шампионите и нагласи дека бил погрешно разбран од тренерот Кике Сетиен, но се осврна и на фантастичниот напаѓач на Интер кој го опиша со неколку реченици.
– Искрено, не знам дали имало веќе било какви преговори меѓу двата клуба, навистина немам идеја дали се случило нешто такво.
– Веќе дадов коментар за него, кажав што мислам за евентуално негово пристигнување. Мојот став е дека станува збор за навистина комплетен напаѓач, – порача Меси кој во продолжение ги наброја сите квалитети на сонародникот.
– Тој е силен на топка, добро дрибла, има гол во себе и знае да ја задржи топката кога тоа е потребно. Сепак, на крајот не зависи од мене. Ќе треба да видиме дали на крајот ќе се случи нешто со него, или ќе се вклучат и други имиња, – заврши капитенот на Барса.
-
Балканпред 14 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 17 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот