Поврзете се со нас

Франција

Меси-ефект: ПСЖ пријави неверојатен приход по првата сезона на Лео во Париз

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Насел Ал Келаифи пред еден ден одработи ексклузивно интервју за „Марка“ и во истото говореше за неуспешната сезона во Лигата на шампионите, освоената титула на Реал Мадрид и останувањето на Килијан Мбапе, но и за операцијата која донела историски раст во клубот.

Како своевидно сумирање на интервјуто нарпавено со првиот човек на „светците“, угледниот шпански медиум ги изнесе бројките кои им ги открил Ал Келаифи, а кои се тесно поврзани за неверојатниот приход кој го имал ПСЖ во првата сезона на Меси како играч во Париз.

Аргентинецот можеби потфрли на најважните натпревари изминатава кампања во ПСЖ, но затоа имал нестварен ефект за раст на клубот кога се приходите во прашање, бидејќи „светците“ инкасирале рекордни 700 милиони евра од остварените успеси, но најмногу од спонзорските договори.

ПСЖ го доби Меси без да исплати отштета на Барселона, му понуди договор според кој добива 30 милиони евра (плус бонуси од 10 милиони), но ако се гледа реално, и тоа е премалку со оглед влијанието кое го имал Лео по првото стапнување на тлото на Париз.

– Доаѓањето на Меси ни донење 10 нови спонзоски договори и тоа не е единствениот бонус кој го добивме од него, – се вели во објаснувањето дадено за „Марка“, во кое се открива дека 700 милиони евра се инкасирани за помалку од една година (неполни 10 месеци).

Покрај новите 10 спонзори, Меси донел огромен раст на социјалните мрежи и ПСЖ се претворил во недопирлив француски бренд на Инстаграм, а во приходите од 700 милиони евра се калкулирани и продажбата на дресовите, како и распродажбата на секој домашен натпревар на „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни