Свет
Меси е номиниран за МВП во МЛС иако одигра само 247 минути за Интер Мајами

Лионел Меси го потврди својот препознатлив фудбалски квалитет и по преселбата во Интер Мајами, но голем дел од американската фудбалска јавност е изненадена што е доби двојна номинација за наградите за најдобрите во актуелната МЛС сезона.
Аргентинецот е номиниран за МВП и за најдобар дебитант во лигата, нешто што би било сосема вообичаено ако Меси не одиграше само 247 минути во МЛС, односно забележа настап на само четири натпревари во американската професионална фудбалска лига.
Фановите на ривалите на Интер Мајами сметаат дека одлуката е бизарна и поради фактот што Меси пропушти пет од последните шест натпревари во лигата, ситуација која беше последица на повредата на големата ѕвезда.
Меси досега има 12 настапи за Интер Мајами, екипа за која постигна 11 погодоци, но само еден од нив беше во рамките на МЛС.
Во иста ситуација како Меси е и Серхио Бускетс, кој исто така е номиниран за двете признанија иако дојде во клубот заедно со Аргентинецот.
За МВП признанието ќе се борат и Хани Муктар, Лучијано Акоста, Ектор Ерера, Роман Бурки и Тиаго Алмада.
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)