Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси донел одлука: Ова ќе биде мое последно СП (ВИДЕО)

Објавено

на

Лионел Меси со нетрпение го очекува Светското првенство со Катар каде со својата Аргентина ќе се обиде да дојде до врвот.

„Гаучосите“ имаа добра репрезентации, одлични резултати и најдобар доказ за тоа е долгата серија без пораз и можноста да се надмине рекордот на Италија. Ова воедно за Меси ќе биде последна шанса за мундијалска титула и тоа самиот го потврди во интервјуто со Себастијан Вињоло.

-Ова ќе биде мое последно СП-тоа е сигурно. Одлуката е донесена, -порача ѕвездата на ПСЖ.

Меси во 2014 беше многу блиску да го освои пехарот со Аргентина, но тој и соиграчите паднаа на завршниот испис против Германија.

„Гаучосите“ во групната фаза во Катар ќе се соочат со Полска, Мексико и Саудиска Арабија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни