Поврзете се со нас

Свет

Меси дојде до голем рекорд во новата победа на Аргентина (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Аргентина ја прокнижи втората победа во третиот натпревар во овогодинешното издание на Копа Америка.

Избраниците на Скалони го победија Парагвај со 1-0 и со тоа обезбедија пласман во нокаут фазата, а воедно се многу блиску и до обезбедување на позицијата број еден во групата А.

Клучниот момент вреден три бода се случи во првото полувреме, поточно во 10 минута кога Ди Марија мајсторски го пронајде Папу Гомез по што членот на Севилја ја смести топката во мрежата на противникот.

Ова воедно беше меч кој донесе еден рекорд за капитенот на „гаучосите“ Лионел Меси кој се израмни со Хавиер Маскарена по бројот на настапи во националниот дрес. Меси досега 147 пати има настапено за Аргентина и веќе на следниот меч тој ќе стане апсолутен рекорден по бројот на средби одиграни за двократниот светски шампион.

На другата средба во групата Уругвај и Чиле одиграа без победник (1-1). Двата гола беа дело на Чилеанците, првиот за водство на Варгас во 26 и потоа автогол на Видал во 66 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни